Connect with us

Општини

Тоневски: Младите брачни парови до 35 години се ослободуваат од плаќање на комуналии за изградба на куќa, мерката почнува од 1 јануари 2027

На предлог на општина Пробиштип, Советот на општина Пробиштип донесе одлука за ослободување од плаќање на комуналии за изградба на индивидуална станбена куќа за млади брачни парови до 35 годишна возраст – соопшти градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски.

Тој најави дека мерката ќе започне со реализација од 1 јануари 2027 година.

-Овозможуваме конкретна поддршка за младите семејства, со цел полесно да го решат станбеното прашање, да создадат сопствен дом и да ја градат својата иднина тука, во Пробиштип. Нашата цел е да создадеме услови младите да останат тука, да формираат семејства и да ја гледаат својата иднина во нашиот град – вели Тоневски.

Посочи дека верува оти вложувањето во младите семејства е вложување во развојот, животот и иднината на општина Пробиштип.

Ad
Ad