Connect with us

Свет

Сојузниците на НАТО ќе разговараат за американското воено присуство во Европа со претставник на Пентагон

Сојузниците на НАТО ќе разговараат денеска во Брисел за тековната ревизија на бројот на американски војници во Европа од страна на Вашингтон со американскиот потсекретар за одбрана за политички прашања Елбриџ Колби, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

И покрај очекувањата за намалување на бројот на американски војници во Европа, клучно е да се спречат опасни празнини во одбранбените капацитети преку преговори со САД, рече Писториус пред средбата со своите колеги од Европската Унија во Брисел.

Германскиот министер додаде дека Германија и Норвешка ќе финансираат уште еден пакет американско оружје за Украина во рамките на механизмот „Приоритетните потреби на Украина“ (PURL), кој главно ќе вклучува средства за ПВО.

Ad
Ad