Connect with us

Фудбал

Јувентус наскоро посилен за Јилдиз

Крилниот напаѓач на Јувентус Кенан Јилдиз (21), кој е надвор од терените од август поради повреда на левото стапало, е блиску до враќање во тимот, јавија денеска италијанските медиуми.

Истите извори наведуваат дека Јилдиз наскоро треба да започне со индивидуални тренинзи, а интензитетот на тренинзите постепено ќе се зголемува.

„Се чувствувам добро и се надевам дека набргу повторно ќе играм. Навистина ми недостасува Јувентус и чувството на играње фудбал“, изјави Јилдиз.

Како најреален датум за негово враќање на теренот се споменува 14 декември, кога Јувентус е домаќин на Монца.

Минатата сезона Јилдиз постигна 11 голови и имаше десет асистенции во сите натпреварувања за Јувентус.

Ad
Ad