Connect with us

Општини

Модуларната болница во Куманово ќе се пренамени за физикална медицина и рехабилитација

Модуларната болница во Куманово ќе биде пренаменета за потребите на Одделот за физикална медицина и рехабилитација при Општата болница Куманово. Со префрлањето на одделот во овој објект се очекува да се подобрат условите за работа и третман на пациентите, како и да се намали листата на чекање за физикална терапија.

Директорот на Општата болница Куманово, Сашо Стошевски, информира дека до Министерството за здравство е поднесено барање за добивање употребна дозвола за објектот, кој, како што посочи, е во добра состојба.

– Поднесовме барање до Министерството за здравство. Видовте дека модуларната болница е во прекрасна состојба и очекуваме да добиеме употребна дозвола за објектот. Тука ќе биде префрлен Одделот за физикална терапија. Планот е тој да функционира во две смени, со што ќе ја намалиме листата на чекање на пациентите кои чекаат физикални третмани, изјави Стошевски.

Со префрлањето на одделот и воведувањето работа во две смени се очекува да се зголеми достапноста на услугите за физикална медицина и рехабилитација за пациентите од Куманово и регионот. Одделението за физикална медицина е одлично екипирано со дваесеттина вработени.

Ad
Ad