Connect with us

Тенис

Четиринаесет тенисери откажаа настап на турнир во рок од 24 часа

Организаторот на еден од последните турнири во календарска година се соочува со невиден проблем. Во рок од 24 часа настапот го откажаа дури 14 тенисери. Станува збор за турнирот АТП 250 Стокхолм, кој треба да се игра од 15 до 22 ноември.

Настапот го откажаа Вашеро, Серундоло, Дардери, Бублик, Давидович Фокина, Блокс, Фер, Шаповалов, Мерида, Беретини, Колињон, Баес, Штруф, Фарија.

Дел од тенисерите порано ќе го почнат одморот, некои ќе имаат пауза пред настапите во Дејвис купот, но јасно е дека ниту еден од нив нема да настапи на Мастерсот во Торино.

Последен што избори место за завршниот Мастерс е Френсис Тиафо откако Бен Шелтон денеска го победи Томи Пол на Мастерсот 1000 во Париз

Ad
Ad