Свет
Ајфеловата кула затворена поради националниот штрајк во Франција
Ајфеловата кула денеска е затворена за посетители поради национален штрајк во Франција, објави компанијата што управува со објектот.
Французите бараа зголемување на платите и подобрување на куповната моќ на населението. На повик на синдикатите илјадници луѓе утрово излегоа на улиците, а им се придружија и студенти и средношколци, кои исто така организираа демонстрации пред образовните институции.
Не е првпат да биде затворена Ајфеловата кула поради штрајк. На 8 септември споменикот беше затворен поради протест на вработените поради одлуката да се отстранат вработените жени од патеката по која се движела група хиндуистички верници.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, групата од околу 100 мажи била придружувана до третиот кат исклучиво од машки персонал. Инцидентот предизвика силни реакции во Франција. Заменик-градоначалникот на Париз, Емануел Грегоар изрази поддршка за демонстрантите и најави истрага. Компанијата што управува со кулата подоцна призна дека одлуката да се отстранат вработените жени била грешка.
Поради штрајкот, затворени се и некои галерии во музејот Лувр.
ноември 5, 2026


