Connect with us

Фудбал

Непознати лица го забетонираа влезот за гостински навивачи на стадион во Германија

Несекојдневен инцидент се случи на стадионот „Хафенштрасе“ во Есен пред вечерашниот натпревар од второто коло на Купот на Германија помеѓу Рот-Вајс Есен и Лајпциг (1-2).

Како што јавија локалните медиуми, непознати лица го забетонирале влезот за гостинските навивачи, со порака „Биковите мора да останат надвор“.

Бетонот беше истурен во дрвената рамка што ги поврзува двете влезни врати, спречувајќи ги да се отворат, се вели во извештајот.

Организаторите на натпреварот веднаш ангажирале локална градежна компанија за да го решат проблемот. Досега нема информации за приведени лица.

„Тоа беше кратка непријатност. Проблемот беше решен во рок од два часа, изјави“ портпаролот на клубот за локалните медиуми.

Околу 500 навивачи на Лајпциг присуствуваа на натпреварот во кој бундеслигашот со пресврт го совлада домашниот третолигашот Рот-Вајс Есен со 2-1.

Ad
Ad