Connect with us

Хроника

Јавен обвинител од ОЈО Велес ќе го истражува случајот со девојче кое со видливи повреди дошло на училиште

Центарот за социјални работи Велес, вчера полицијата пријавил дека од стручна служба во основно училиште во Велес биле известени дека кај нивна ученичка биле забележани видливи повреди, по што кај детето бил извршен лекарски преглед.  

Како што информираат попладнево од СВР Велес, во врска со пријавеното, полициски службеници од велешката полиција извршиле службен разговор со 57- годишна велешанка, законски старател на детето. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, најавија од СВР Велес.

Ad
Ad