Connect with us

Формула 1

Руанда доби зелено светло за организирање Ф1 трки

Организаторите на Формула 1 и руандската Влада се согласија денеска првата трка за Големата награда на Ф1 во Руанда да се одржи по 2030 година, јавија светските агенции.

Два извори блиски до владата на Руанда посочија дека властите во догледно време ќе објават информации за настанот, кој би бил прва трка во Ф1 на африканскиот континент од Големата награда на Јужна Африка во 1993 година.

„Постигнат е договор за одржување на трката по 2030 година“, изјави еден од изворите, опишувајќи ја веста како голем чекор напред за земјата.

Извор близок до Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), која го управува спортот, но не е нејзин сопственик, спомена прес-конференција закажана за следната недела во Кигали.

„Со нетрпение ја очекуваме Големата награда на Формула 1 во Руанда“, напиша министерот за спорт на Јужна Африка, Гејтон Мекензи, на платформата Икс. „Тие работеа на оваа кандидатура подолго од Јужна Африка и го заслужуваат тоа“, додаде тој, истакнувајќи дека двете земји се натпреварувале во обид да ја вратат Формула 1 во Африка. 

Ad
Ad