Свет
Европските акции во плус, нафтата „Брент“ 101 долар, инвеститорите загрижени поради политичките ризици во Шпанија и Франција
Европските акции денеска главно се во пораст, нафтата „Брент“ се продава за 101 долар за барел, а инвеститорите се загрижени поради политичките ризици во Шпанија и Франција, кои придонесоа за пад на вредноста на еврото во однос на доларот, пренесува Си-ен-би-си.
Шпанскиот премиер Педро Санчез би можел уште денеска да распише предвремени парламентарни избори, а Франција се соочува со висок јавен долг и политичка неизвесност во пресрет на претседателските избори напролет 2027 година.
Според податоците во 9.30 часот, цената на нафтата „Брент“ падна за 0,74 отсто, на 101,542 долари за барел, а цената на американската лесна нафта се намали за 1,29 отсто, на 89,918 долари за барел.
Европските фјучерси за гас за ноември денеска на отворањето на берзата во Амстердам се тргуваа по цена од 76,345 евра за мегават-час, или околу 798 евра за илјада метри кубни гас.
Германскиот берзански индекс DAX порасна за 0,11 отсто, британскиот FTSE 100 за 0,57 отсто, италијанскиот FTSE MIB за 0,97 отсто, московскиот IMOEX за 0,87 отсто, а францускиот CAC 40 падна за 0,44 отсто.
Вредноста на еврото во однос на доларот на девизниот пазар денеска изнесува 1,11922 долар.
Цената на златото се искачи на 4.155,88 долари за унца, а цената на пченицата на 6,9036 долари за бушел (еден бушел изнесува 27.216 килограми).
Индексот „Доу Џонс“ во петокот затвори со пораст од 0,49 отсто, на 51.176,96 поен, S&P 500 со пораст од 0,73 отсто, на 7.722,72 поени, а Nasdaq со пораст од 1,19 отсто, на 27.190,86 поени.
октомври 6, 2026
