Connect with us

Општини

Вкупно 24 пожари изминатото деноноќие, еден е под контрола, останатите изгаснати

Регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор изминатото деноноќие до 7:30 часот утрово. Активни пожари во моментов нема, под контрола е еден, а останатите се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.

Под контрола е пожарот на територија на општините Македонски Брод и Сопиште. Нискостеблеста и мешана шума биле опожарени во регионот на село Белица, место викано „Кајорец“ во општина Македонски Брод, пожар што бил проширен кон Јасен во општина Сопиште.

Изгаснатите пожари биле на територија на општините Босилово, Брвеница, Градско, Дебарца, Желино, Кривогаштани, Куманово, Неготино, Охрид, Прилеп, Радовиш, Свети Николе, Струмица, Шуто Оризари. По два пожара биле евидентирани и во општините Бутел, Битола, Дебар. Во општина Сарај биле изгаснети вкупно три пожари.