Connect with us

Општини

Манифестацијата „Самун ем татлија“ по 12. пат во Радовиш

Со настап на познати естрадни уметници вечер ќе биде означен почетокот на традиционалната манифестација „Самун ем татлија“, која се организира по 12. пат во Радовиш.

Покрај подотовката на традиционалните радовишки спрецијалитети, ќе има богата културно-уметничка и музичка програма со настап на пејачи од земјава и странство.

-Ве очекуваме во Радовиш на три незаборавни денови исполнети со радовишки самуни, вкусни татлии, добра атмосфера и прекрасна музичка програма, објави на неговиот фејсбук профил градоначалникот на Радовиш, Љупче ПОчивалец.

Манифестацијата се одржува  од денеска до сабота на локацијата паркинг „Орел“.