Connect with us

Општини

ЦУК: Нема активни пожари, еден е под контрола

На теритријата на државава заклучно со денеска до 18:00 часот регистрирани се вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои ни еден не е активен, еден е под контрола, а 16 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Под контрола, како што посочуваат од ЦУК е пожарот во општините Македонски Брод и Сопиште кај селото Белица, место викано Кајорец (опш. Македонски Брод), проширен кон Јасен (опш. Сопиште), каде гори нискостеблеста и мешана шума.

Изгаснати пожарите во: Општина Илинден кај Кадинска петља на автопатот Скопје–Велес – сува трева; Општина Куманово во близина на касарната „Христијан Карпош“ – сува трева и ѓубре; Општина Куманово населба Хајдучка Чешма – сува трева; Општина Велес село Ногаевци – сува трева; Општина Виница на влезот во Виница, зад Шумско стопанство – сува трева и ѓубре; Општина Прилеп на ул. „Кеј 1-ви Мај“ – сува трева; Општина Демир Капија по Демир Капија, пред тунелите – сува трева; Општина Градско село Згрополци – сува трева; Општина Гостивар населба 8-Зона во Гостивар – сува трева; Општина Липково село Ваксинце – сува трева; Општина Липково село Слупчане – сува трева и стрниште; Општина Старо Нагоричане село Степанци – сува трева и дрвја; Општина Сарај село Рашче – сува трева; Општина Сарај село Раович – мешана шума; Општина Илинден автопат Скопје–Велес – сува трева и Општина Карпош место викано Лака – депонија.