Connect with us

Формула 1

Ф1: Хаџар се враќа за ГН на Азербејџан

Францускиот возач Исак Хаџар, кој ги пропушти последните три трки од Формула 1 поради повреда на левиот зглоб, ќе се врати на патеката за Големата награда на Азербејџан оваа недела, објави денеска неговиот тим Ред Бул.

Хаџар, кој ги пропушти трките во Холандија, Италија и Шпанија, е осмопласиран во генералниот пласман со 71 бод.

„Ред Бул Рејсинг со задоволство го пречекува Исак Хаџар назад на патеката овој викенд. Откако целосно закрепна од повредата на зглобот, Исак ќе се врати на патеката во Баку во четврток“, соопшти тимот на Хаџар.

Неговата замена, Новозеланѓанецот Лиам Лосон за трката во Баку се враќа во тимот Рејсинг Булс.

„Тимот сака искрено да му се заблагодари на Лиам за неговата професионалност, посветеност и напорна работа во текот на последните три трки. Повикан во краток рок и во тешки околности, тој постигна импресивни резултати и даде вреден придонес во тимот. Му посакуваме се најдобро по враќањето во Рејсинг Булс“, додаде австрискиот тим.