Регион
Додик: РС не е заинтересирана за БиХ
Лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик денеска изјави дека Република Српска (РС) не е заинтересирана за Босна и Херцеговина (БиХ).
– Можеби треба да се фокусираме само на БиХ, како што е утврдена со Дејтонскиот мировен договор, објави Додик на платформата Икс.
Тој оцени дека на Бошњаците „нема да им се допадне ова, иако не разбира како тие не разбираат дека е подобро за нив да управуваат со територијата што објективно ја поседуваат“.
Подобро е да има сè во еден дел отколку ништо во цела БиХ, наведе Додик.
септември 21, 2026
