Хроника
Расчистени две кражби во Тетово, приведени две лица, следуваат пријави
Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 12:00 и во 14.50 часот во село Порој, тетовско и во Тетово ги привеле С.К.(27) од с.Порој и А.Ц.(19) од Тетово поради постоење основи на сомневање за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, С.К. се сомничи дека ноќта на 15 спроти 16 септември со употреба на сила влегол во продажен објект во Тетово, сопственост на И.О.(52) и одзел пари и повеќе производи.
Во другиот случај Ш.А.(55) од Тетово пријавила дека А.Ц. со закана од нејзиниот малолетен син одзел пари.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци
септември 19, 2026
