Connect with us

Кошарка

Кошаркарскиот првак има нов плејмејкер

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром продолжува со комплетирање на ростерот за претстојната сезона. Нов член на првакот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ (27 год, 194 см). Тадиќ е искусен бек-организатор, кој зад себе има богато регионално и меѓународно искуство.

Кариерата ја започна во белградски Партизан со кого го освои Купот на Србија (2018), а со екипата на Златибор во 2022 година се закити со шампионскиот пехар во АБА2-лигата. Со јуниорската репрезентација на Србија го освои златото на ЕП 2017 година, а беше дел и од кадетската (У-16) и младинската (У-20) селекција на својата земја.

Покрај во Партизан и Златибор, во кариерата има настапи и за Младост Земун, Слобода Ужице, унгарски ДЕАЦ.