Connect with us

Формула 1

Ф1: Норис ќе стартува од поп-позицијата во Мадрид

Актуелниот светски првак, возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Шпанија во Формула 1 во Мадрид, откако беше најбрз на денешните квалификации.

Норис стигна до пол-позицијата во последните моменти од квалификациите, со резултат од 1:31.824 минути.

Лидерот во генералниот пласман Кими Антонели (Мерцедес), кој заостана само 0,011 секунди зад Норис, ќе стартува од втората позиција.

Макс Верстапен од Ред Бул (+ 0,140 секунди), го освои третото место, а возачите на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклерк, ќе стартуваат од четвртата и петтата, а Џорџ Расел од Мерцедес од шестата позиција.

Трката за Големата награда на Шпанија се вози в недела од 15:00 часот во Мадрид.