Connect with us

Фудбал

ПСЖ ѝ понуди на Парма 33 милиони евра за јапонскиот голман Сузуки

Актуелниот европски првак ПСЖ му се приклучи на Јувентус во трката за потписот на голманот на Парма, Зион Сузуки, испраќајќи официјална понуда за јапонскиот репрезентативец.
Италијанските медиуми јавија денеска дека францускиот тим е подготвен да плати 33 милиони евра обесштетување.
Сузуки, кој е роден во Њујорк, се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Серија А откако ѝ се приклучи на Парма, одигрувајќи 57. натпревари во италијанската прва лига.
Голманот на јапонската репрезентација има договор со Парма до 2029 година.