Фудбал
Њукасл плати 32 милиони евра за чешкиот голман Хорничек
Премиерлигашот Њукасл го договори денеска трансферот на чешкиот голман Лукаш Хорничек од Брага за сума од 32. милиони евра.
Дваесетичетиригодишниот Хорничек веќе им се приклучи на соиграчите во тренинг кампот на Њукасл во Шпанија каде официјално ќе потпише петгодишен договор, јавија британските медиуми.
„Последните неколку дена беа емотивен ролеркостер откако првпат слушнав за овој трансфер, а сега сум многу среќен што сум тука. Ова е одлична можност во нова лига, што ме прави многу возбуден“, изјави чешкиот репрезентативец.
Минатата сезона, Хорничек и помогна на Брага да дојде до полуфиналето во Лига Европа со рекордни седум натпревари без примен гол во натпреварувањето.
„Знам дека Њукасл е огромен фудбалски град, со 52.000 навивачи на Сент Џејмс Парк кои создаваат неверојатна атмосфера и го туркаат тимот на секој натпревар. Едвај чекам да играм пред нив“, додаде Хорничек за клупскиот сајт на Њукасл.
август 4, 2026
