Connect with us

Останати спортови

Македонската атлетика со еден претставник на Европското првенство во Бирмингем

Со изминувањето на рокот за постигнување резултати за учество на Европското првенство, македонската атлетика ќе има само еден претставник на претстојното Европско првенство што ќе се одржи во Бирмингем, Велика Британија од 10-16.август. Единствениот претставник ќе биде маратонецот Дарио Ивановски, кој ќе настапи на последниот ден (16.август – недела) во утринската програма кога ќе се трча маратонската трка.

Ивановски учеството го обезбеди благодарение на резултатите постигнати во дадениот рок. Тој се наоѓа на 36.место и на маратонската трка е влезен благодарение на светското рангирање.

Ивановски оваа година во Белград истрча маратон со резултат 2:09.35 часа што му донесе 1170 поени, а во Севиља постигна време од 2:12.23 часа за 1087 поени.

На маратонската трка ќе учествуваат 64 атлетичари, од 21 држава.

Инаку личниот и македонски рекорд во маратон на Ивановски изнесува 2:08.26 часа постигнат на 18.февруари 2024 година на маратон во Севиља.