Connect with us

Останати спортови

Армстронг: Погачар е најдобриот спортист во историјата

Тур Д‘ Франс остана со истиот победник Словенецот Тадеј Погачар, кој по петти пат победи на престижната велосипедска трка. Честитки за словенечкиот велосипедист стигнуваат од сите страни, а Американецот Ленс Армстронг во својот поткаст изјави дека Погачар е најдобар спортист во светската историја.

–  Момчето е најголем на сите времиња. Може да победи на секоја вид подлога и на секоја трка. Едноставно дадете му стартен број и не е важно дали е рамнина, коцка, планина или макадам. Погачар е најголем на сите времиња. Видовте колку е доминантен и се имаше под контрола, едноставно мене би „ме смачкал“. Навистина сум сериозен, изјави Армстронг.

Погачар со петтиот триумф се изедначи со легендите на овој спорт Еди Меркс, Жак Анкетил, Бернар Ино и Мигуел Индураин. Погачар на Тур Д‘ Франс има победи во 2020, 2021, 2024, 2025 и 2026 година. Има и една победа на Џиро Италија 2024, но нема триумф на Вуелта.

Ленс Армстронг од 1999 го 2005 година седум пати во низа победуваше на Тур Д‘ Франс, но потоа победите му беа одземени по истрагата на Американската антидопинг агенција откри дека учествувал во програма за допинг.