Connect with us

Фудбал

На потег е Винисиус – Реал Мадрид сака брза одлука

Управата на Реал Мадрид испратила ултиматум до бразилскиот репрезентативец Винисиус: продолжување на договорот според условите на клубот или крај на соработката веќе ова лето. Според шпанска Марка, која ја пренесува информацијата „кралскиот клуб“ не сака да се откаже од услугите на играчот, но не сака да дојде во ситуација Винисиус да ја игра последната сезона од договорот и потоа без обесштетување да си замине.

Од Реал Мадрид се категорични дека промена на понудата нема да има.

Во последните денови се повеќе се зборува и за трансфер на Јан Диоманде од Лајпциг во редовите на мадридскиот клуб, што потенцијално би значело и помала минутажа за Бразилецот на теренот.

На ова се надополнува и фактот што по Мундијалот интерес за Винисиус има и од англискиот првак Арсенал.

Инаку, Винисиус во Реал Мадрид е од 2018 година кога дојде од Фламенго и има одиграно 375 натпревари и постигнато 128 голови.