Фудбал
Интер има уште едно засилување од Премиер лигата
Шампионот на Италија екипата на Интер договори ново засилување. Аргентинскиот репрезентативец Кристијан Ромеро треба да го напушти лондонскиот премиерлигаш Тотенхем. Според аргентинскиот ЕСПН, двата клуба се договориле за трансфер вреден 40 милиони евра.
Ова ќе биде враќање на Ромеро во италијанскиот фудбал откако претходно настапуваше за екипите на Џенова, Јувентус и Аталанта.
Тотенхем најпрво бараше повеќе пари, но сепак се договори и тоа значи дека премиерлигашот ќе „врати“ дел од средствата кои ги даде за новите засилувања кои беа ангажирани летово на позиции во одбраната – Јан Пол ван Хеке и Маркос Сенеси.
За Интер купувањето на аргентинскиот репрезентативец е второ засилување ова лето од Премиер лигата, откако пред неколку дена го договорија Џон Стоунс од Манчестер Сити.
август 1, 2026
