Фудбал
Баркола заминува од ПСЖ, новиот клуб е од Премиер лигата
Францускиот репрезентативец Бредли Баркола со сигурност ќе ги напушти редовите на европскиот првак ПСЖ. Неговото заминување беше ставено во мирување поради натпреварите на Светското првенство.
Познатиот Фабрицио Романо објави дека Французинот повеќе не е опција за Барселона и можно негово заминување во редовите на премиерлигашот Ливерпул и дека трансферот ќе зависи од висината на трансферот.
Баркола во ПСЖ дојде од Олимпик Лион за 45 милиони евра, а се очекува сегашниот негов клуб да побара 80 милиони евра.
Во ланската сезона Баркола одигра 49 натпревари во сите натпреварувања, постигна 13 голови со седум асистенции. За Франција на Мундијалот одигра осум натпревари и постигна три голови.
јули 25, 2026
