Connect with us

Фудбал

Фоден останува дел од Манчестер Сити

Англискиот фудбалер Фил Фоден го продолжи договорот со Манчестер Сити до 2030 година, објавија од клубот. Фоден иако се подготвуваше за заминување по релативно слабата сезона, сепак се реши да остане во клубот со кој има освоено 19 пехари, еден во Лигата на шампионите и шест титули Премиер лигата за осумгодишниот престој.

Неверојатно чувство, од причини што тука сум од мали нозе и од младинските категории стигнав до првиот тим. Ова е совршен клуб и место каде сум среќен, изјави Фоден.

Фоден има одиграно 369 натпревари за „граѓаните“ и постигнал 110 голови и има 68 асистенции.

Оваа година не беше дел од репрезентацијата на Англија на Светското првенство, а има одиграно 49 натпревари и постигнати четири голови.

Во новата сезона Манчестер Сити во првото коло е домаќин на Борнмут, а седум дена пред тоа игра против Арсенал во „Комјунити шилд“.

Ad
Ad