Connect with us

Фудбал

Трансфер на Родри: Се чека на Реал Мадрид

Шпанскиот фудбалски гигант е на прагот да добие големо засилување и тоа во името на шпанскиот репрезентативец Родри. Според бројните шпански медиуми Родри и Реал Мадрид се пред постигнување на договор.

Најверојатно „кралскиот клуб“ ќе нема проблеми за ангажманот на капитенот на шпанската репрезентација, особено што и тој е подготвен на некои отстапки за да помогне трансферот да се реализира. Воедно се очекува неговиот сегашен клуб Манчестер Сити, да не прави проблем бидејќи Родри би се вратил во Шпанија.

Реал Мадрид сè уште не се појавил со конкретна понуда особено што фудбалерот има договор со „граѓаните“ до летото 2027 година. 

Ad
Ad