Кошарка
Јурохупс: Словенецот Секулиќ нов тренер на кошаркарите на Барселона
Шпанскиот кошаркарски гигант Барселона постигна договор со словенечкиот стратег Александар Секулиќ да ја преземе тренерската должност во клубот, јави денеска специјализираниот кошаркарски портал „Јурохупс“ (Eurohoops.net).
Изминатите недели, Секулиќ се вбројуваше меѓу главните кандидати за нов тренер на Барселона, заедно со Пабло Ласо и Јанис Сферопулос.
Четириесетиосумгодишниот Словенец седнува на клупата на Барселона по успешниот престој во Дубаи Баскет, предводејќи го клубот изминатата сезона до титулата АБА лига.
Од друга страна, Дубаи, според најавите, ќе го назначи поранешниот тренер на Барселона, Чави Пасквал, на местото на Секулиќ, кој од 2020 ја извршува и должноста селектор на словенечката машка кошаркарска репрезентација.



