Останати спортови
Македонските одбојкарки немоќни против Шпанија во Европската лига
Македонската женска одбојкарска репрезентација го претрпе третиот пораз во третиот натпревар од Европската лига 2026, откако со 0:3 (11:25, 6:25, 15:25) загуби синоќа од домаќинот Шпанија на отворањето на вториот турнир во Аликанте.
Македонските одбојкарки немаа решение за играта на мрежа на противникот, кој делуваше доминантно, особено во вториот сет во кој избраничките на селекторот Милош Гавриловиќ освоија скромни шест поени.
Во последниот сет македонските одбојкари дадоа попристоен отпор до средината на сетот, 13:15, а потоа повторно Шпанија стапи на сцена и рутински го заокружи натпреварот.
Андротеа Милевска и Теа Терзиевска реализираа по четири поени во македонските редови
Македонската репрезентација ќе мора брзо да ги консолидира редовите пред новиот предизвик против Азербејаџан.
јуни 14, 2026


