Останати спортови
Репрезентативецот Ѓорги Ѓоргиев нов одбојкар на Црвена ѕвезда
Организаторот на играта на македонската машка одбојкарска репрезентација, Ѓорѓи Ѓоргиев е нов техничар на Црвена Звезда.
Српскиот клуб денеска официјално му посака добредојде на искусниот македонски репрезентативец и го претстави како засилување на екипата за новата сезона.
Ѓоргиев првпат ќе игра во српскиот шампионат откако претходно интернационалната кариера ја градеше настапувајќи во клубови од Бугарија, Турција, Полска и Франција.
Откако успешно го затвори трансфер периодот, Ѓоргиев сега со репрезентативните колеги се фокусира на обврските со националниот тим, со кој викендот го игра вториот турнир од Европската лига 2026, а во септември го очекува и настапот на Европското првенство во Софија.
јуни 13, 2026


