Фудбал
Далиќ: БиХ направи добра атмосфера со одличен спој на искуство и младост
Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ истакна дека репрезентацијата на Босна и Херцеговина за да се пласира на Мундијалот го „копирала“ системот на неговата селекција. Воедно тој упати и поддршка за БиХ за настапот Светското првенство.
„Работеа она што и ние го работевме. Направија добра атмосфера, добар спој на искуство и младост и поставија селектор, кој носи вистински одлуки. Тоа им донесе резултат“, истакна Далиќ.
Претставниците на Босна и Херцеговина во неколку наврати истакнуваа како хрватската репрезентација им даде насока како да дојдат на патот на успехот. Репрезентацијата на БиХ првиот натпревар на Мундијалот го игра во петок против Канада.
јуни 10, 2026


