Connect with us

Фудбал

Гвардиол пред дилема да остане или замине од Манчестер Сити?

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол е на „слатки маки“ бидејќи има неколку опции за продолжување на кариерата. По три сезони минати во редовите на „граѓаните“ играчот од одбраната се подготвува за трансфер.

Но, сепак и од неговиот клуб доби понуда односно нов договор со сума од 10,5 милиони фунти годишно.

Хрватот сепак најверојатно се подготвува за заминување особено што клупата на Манчестер Сити ја напушти Пеп Гвардиола. Реал Мадрид го посакува во своите редови, како еден од играчите кои се приоритет на Жозе Мурињо, доколку не успеат да го ангажираат Рикардо Калафиори.

Покрај Реал, Гвардиол е на мета и на Барселона и Баерн Минхен.

Во Манчестер Сити очекуваат да го задржат играчот, кој во клубот дојде во 2023 година за 90 милиони евра од РБ Лајпциг и за „граѓаните“ одигра 122 натпревара постигна 13 голови и 10 асистенции.

Ad
Ad