Connect with us

Фудбал

Тотенхем добива големо засилување

Премиерлигашот Тотенхем кој во последното коло обезбеди опстанок претходната сезона е на чекор да донесе големо засилување во преодниот рок. Според англиските медиуми бразилскиот репрезентативец Савињо, играч на Манчестер Сити е главната мета овој преоден рок.

Преговорите меѓу клубовите се во напредна фаза и трансферот најверојатно, ако се случи би изнесувал околу 60 милиони фунти. Савињо и минатото лето требаше да се пресели во Тотенхем, но трансферот беше стопиран во Манчестер Сити.

Бразилецот е подготвен за премин во нов клуб, а потенцијалниот договор може да има и бонуси.

Менаџерот на Тотенхем Роберто Де Зерби засилување во тимот, а нови играчи се Маркос Сенеси и Енди Робертсон, а Тотенхем се обидува да го договори и Јан Пол ван Хеке од Брајтон, кој беше дел од тимот на Де Зерби во Брајтон.

Ad
Ad