Connect with us

Општини

Спортски празник за младите во Кичево

Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) успешно го одбележа „Олимпискиот ден“ во одлична соработка со Општина Кичево и основното училиште ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево. Настанот започна со средба на раководството на МОК, предводено од претседателот Даниел Димевски и членот на управниот одбор Сашо Димитријоски, локалната самоуправа и институциите, каде силно се потврди заедничката заложба за континуирано вложување во училишниот спорт. Како директен доказ за грижата и подобрувањето на спортските услови, МОК официјално врачи значајна донација во спортска опрема наменета за потребите на училиштето.

Централниот дел од денот помина во вистински олимписки дух. Низ специјално подготвени спортски полигони, учениците се натпреваруваа, ги демонстрираа своите вештини и учеа за најважните вредности во спортот – извонредност, пријателство, почит и фер-плеј.

Овој настан претставува уште еден голем чекор во континуираните напори на МОК да го доближи олимпизмот до секое дете, градејќи здрави, активни и успешни идни генерации низ цела Македонија. 

Ad
Ad