Connect with us

Општини

Набргу нови паркинг-површини во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, и секретарот Борче Димитровски продолжија со редовни средби со новинарите, на кои информираа за тековните проекти, планови и програми на локалната самоуправа.

На подрачјето на општина Битола набргу ќе има нови пракинг површини, а се размислува и за изградба на катна гаража, најави Коњановски.

– Интензивно работиме на еден од најгорливите проблеми во градот и на сите локации на кои се дислоцираа привремени објекти и во согласност со деталниот урбанистички план ќе има нови пракинг-површини. Во моментот се подготвува паркинг на улицата Браќа Џаферови кај поранешните бараки што ги користеше Министерството за финансии, а се работи и во месноста Кај хеликоптерот и „Ат-пазар“, каде што ќе има поголем паркинг-простор со можности за катна гаража. Набргу ќе го официјализираме паркингот кај т.н. зграда ЈАТ, но и на површина кај поранешната касарна – посочи Коњановски.

На редовната средба со битолските новинари градоначалникот Тони Коњановски и секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, информираа за изградба на училиште во населбата Буковски Ливади за изградбата на спортската сала за бокс и борачки спортови и потврдија дека прифатени се оставките на целата управа на ФК „Пелистер“, клуб кој, како што е познато, во следната натпреварувачка сезона ќе биде второлигаш.

Ad
Ad