Connect with us

Свет

„Росатом“ го зголемува бројот на работници во нуклеарната централа Бушер во Иран

Руската државна нуклеарна компанија „Росатом“ следниот месец ќе го зголеми бројот на градежни работници во иранската нуклеарна централа Бушер на 200, со цел да се усогласи бројот на вработени со динамиката на проектот за изградба на два нови блока, изјави денеска извршниот директор на компанијата, Алексеј Лихачев.

Тој рече дека на почетокот на 2027 година, бројот на работници ќе го достигне потребното ниво за изградбата да продолжи според планот, пренесуваат британските медиуми.

„Росатом“ евакуираше стотици вработени од Бушер откако САД и Израел започнаа војна против Иран во февруари.

Руската компанија гради две нови нуклеарни единици во рамките на комплексот во Бушер.

„Секако, евентуалната ескалација на воената ситуација би можела да влијае на проектот. Се подготвуваме за таква можност, но засега дејствуваме врз основа на оптимистичко сценарио“, изјави Лихачев.

Нуклеарната централа Бушер, на југот на Иран, на брегот на Персискиот Залив, е првата нуклеарна централа во Иран што произведува електрична енергија.

Првиот блок од електраната го изгради Русија, а комерцијалното производство започна во 2013 година, додека „Росатом“ во моментов гради уште два нуклеарни блока.

Ad
Ad