Connect with us

Свет

Јужна Кореја ги казни „Гугл“ и „Епл“ поради злоупотреба на доминантната положба на пазарот на продавници за апликации

Јужна Кореја денеска ги казни компаниите „Гугл“ и „Епл“ со вкупно 47,5 милиони долари бидејќи ја злоупотребиле својата доминантна положба на пазарот на продавници за апликации.

„Гугл“ е казнет со 32 милиони долари, додека „Епл“ со 15,5 милиони долари.

Како што тврди јужнокорејската Комисија за медиуми и комуникации „Гугл“ и „Епл“ ги принудувале локалните програмери да ги користат нивните системи за плаќање, а исто така и неоправдано го пролонгирале процесот на проверка и одобрување на апликациите.

Комисијата ги следела американските компании со години поради сомнение дека го прекршиле законот од 2021 година со кој е забрането операторите на продавниците за апликации да ги принудуваат програмерите на одредени системи на плаќање.

Ad
Ad