Свет
Француската левица повикува на нов бран протести
Француската левичарска партија Непокорна Франција (LFI) денеска повика на продолжување на протестите на средношколците и покрај апелот на владата до учениците да се вратат на училиште.
„Протестите ќе престанат кога ќе бидат исполнети барањата. Студентските организации повикуваат на протести в сабота и ние ќе бидеме таму“, изјави денеска Матилд Пано, претседателка на пратеничката група на LFI во Француското национално собрание, јави телевизијата Бе-Еф-Ем.
По неколку недели мобилизација, францускиот министер за образование Едуар Жефри вчера повика учениците да се вратат во училниците.
„Не е до министерот да одлучува за ова“, изјави Пано.
По неколкунеделни протести, владата понуди одговори на барањата на средношколците и студентите, но тие не ги убедија целосно младите луѓе, кои сè уште повикуваат на мобилизација в сабота, 31 октомври.
Во меѓувреме, Службата за координација на движењето „Жолти елеци“ и Општата конфедерација на синдикати (CGT) ѝ ја доставија на париската полиција рутата на протестите планирани за 31 октомври во Париз.
октомври 29, 2026

