Connect with us

Економија

Сами Морина нов претседател на СКСЗМ

На VI Изборно Собрание на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г. Сами Морина беше избран за нов претседател на СКСЗМ, пишува во денешното соопштение, што МИА го пренесува интегрално.

Со одржувањето на VI Изборно Собрание, СКСЗМ по шести пат по ред, преку демократски и транспарентен изборен процес, го избра своето раководство, со што ја потврди институционалната континуираност и почитувањето на принципите врз кои функционира Комората.

Изборот на новиот претседател претставува значаен момент во континуитетот на работата и ангажманот на СКСЗМ во застапувањето на интересите на деловната заедница, поттикнувањето на економскиот развој и зајакнувањето на соработката со институциите, домашните и меѓународните партнери, како и со деловната заедница.

По овој повод, сакаме да изразиме благодарност до сите соработници, институционални партнери, организации, компании, дипломатски претставништва и медиуми за континуираната соработка и поддршка во остварувањето на мисијата и целите на СКСЗМ.

Под раководство на новиот претседател, Комората ќе продолжи да гради нови мостови на соработка и дополнително да го зајакнува дијалогот и партнерството со сите релевантни чинители, во функција на развојот на деловната заедница и економијата.