Свет
Литванија крена борбени авиони поради опасност од беспилотно летало
Националниот центар за управување со кризи на Литванија денеска издаде предупредување за потенцијална воздушна закана поради дрон забележан во округот Вилнус и во Укмерге, во централниот дел на земјата, поради што беа кренати борбените авиони.
Како што беше објавено, постои можност дронот да летал од белоруската страна, објавува литванскиот портал Делфи.
Литванската армија ги повика луѓето да најдат безбедно место и да не се приближуваат до сомнителни предмети, доколку ги видат.
Шефот на Националниот центар за управување со кризи, Вилмантас Виткаускас, рече дека „објектот сè уште не е целосно идентификуван“, но дека „борбените авиони се распоредени“ и дека ја спроведуваат постапката за верификација.
„Добиваме извештаи од жителите дека набљудуваат можен објект надвор од територијата на Вилнус, што се движи кон Јонава. Но, не можеме да го потврдиме ова, бидејќи ова се извештаи од жители“, му рече тој на Виткаускас.
Според Националниот центар за управување со кризи, параметрите на набљудуваниот објект се слични на оние на дрон, но постои можност да станува збор и за јато птици.
октомври 3, 2026
