Connect with us

Економија

Раст од 0.6 % на индустриското производство во периодот јануари – август

Индустриското производство во периодот јануари – август 2026 година, во однос на истиот период лани е зголемено за 0.6 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во август годинава, пак, е намалено за 1.9 % во однос на истиот месец во 2025. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 10.1 %, во секторот Преработувачка индустрија има пад од 1.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.8 %. 

Според главните индустриски групи, производството во август 2026 година, во однос на август 2025 година, бележи опаѓање кај Енергија за 6.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.0 % и Капитални производи за 8.9 %, додека пораст бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 5.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.0 %.

Најголемо влијание врз падот на индустриското производство во август 2026 година, во однос на август 2025 година, има намалувањето на производството во одделите: Производство на електрична опрема со 6.9 %, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 9.6 % и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 8.7 %.