Connect with us

Свет

Четворица италијански војници на НАТО се повредени за време на вежба во Латвија

Четворица италијански војници се повредени, од кои еден потешко, во инцидент за време на вежба на НАТО во Латвија, јави ДПА.

Според Министерството за одбрана во Рим, врз нивното возило било пукано од митралез поставен на италијански оклопен транспортер „Дардо“ во база во близина на малото гратче Адаги. Точните околности околу инцидентот се уште не се јасни.

Ранетите војници се однесени во главниот град Рига на лекување, соопшти министерството. Ниту еден од четворицата не е во животно-загрозувачка состојба, додаде министерството. Војската започна истрага за инцидентот.

Италија распореди повеќе од 300 војници во Латвија како дел од меѓународна бригада. Војници од повеќе од десетина земји се стационирани во латвиска воена база.

Мултинационалната бригада на НАТО има задача да го брани североисточниот крило на воениот сојуз, особено од можни напади од Русија врз балтичките држави.