Connect with us

Свет

Блумберг: Трамп му предложи на Зеленски средба со Путин во Москва, Киев негира дека имало таков предлог

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му предложи на украинскиот претседател Володимир Зеленски да отпатува во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, објави Блумберг, повикувајќи се на извори запознати со разговорот.

Според изворите на медиумот, Трамп го дал предлогот за време на средбата со Зеленски на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Кабинетот на Зеленски ги демантираше наводите дека американскиот претседател Доналд Трамп го поттикнал да отпатува во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Тоа е лажна информација“, изјави за новинарите Дмитро Литвин,советник на претседателот на Украина, реагирајќи на извештајот. Украинските официјални претставници изјавија дека Трамп и Зеленски разговарале за можноста за трилатерални разговори во кои би учествувале САД, Украина и Русија, но дека Трамп не предложил средба меѓу Зеленски и Путин во Москва.

Москва во повеќе наврати ја предлагала руската престолнина како место за евентуална средба меѓу Зеленски и Путин. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на пред неколку денови повтори дека Зеленски може да отпатува во Москва и дека ќе му бидат обезбедени безбедносни гаранции. Киев, пак, инсистира секоја средба на лидерите да се одржи на неутрална локација.