Хроника
Засилени контроли за непочитување на правилата за првенство на минување, констатирани 75 прекршоци
Седумдесет и пет прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување констатирала сообраќајната полиција при акциска контрола на територијата на целата држава.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека контролата е направена вчера во периодот од 7 до 12 часот.
При спроведените контроли констатирани се 75 прекршоци, при што се преземени соодветни мерки во согласност со законските прописи. Во текот на контролата констатирани се и 283 прекршоци од друг вид, објави МВР на „Фејсбук“.
септември 23, 2026
