Регион
Вучиќ со Лајен: Верувам дека Србија ќе го забрза својот пат кон ЕУ
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на заседанието на Генералното собрание на ОН и изрази уверување дека Србија ќе го забрза својот пат кон членство во ЕУ.
„За време на краткиот разговор со Урсула фон дер Лајен, имав можност да изразам искрена благодарност за сè што таа направи за Србија во изминатите години. Верувам дека Србија, без оглед на исходот од (претстојните парламентарни) избори, ќе го забрза својот пат кон полноправно членство во Европската Унија“, напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм.
Вучиќ претходно се сретна со претседателот на Финска, Александар Стуб, претседателот на Романија, Никушор Дан, премиерот на Словенија, Јанез Јанша, австрискиот сојузен канцелар Кристијан Стокер, претседателот на Чешка, Петр Павел, и претседателот на Полска, Карол Навроцки.
септември 23, 2026
