Политика
Божиновска: СДСМ, покажи го доказот или повлечи ги лагите – политичката борба не е лиценца за клеветење
Категорично ги отфрлам и ги демантирам лагите и тенденциозните конструкции што СДСМ ги изнесе на прес-конференцијата на 20 септември 2026 година, со кои без ниту еден доказ се прави обид да се нарушат мојата чест, углед и професионален интегритет.
Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со „Руднап“. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби.
септември 22, 2026
