Култура
На Фестивалот „Стоби 2026“ премиера на „Годо“ во сабота
На 23. Фестивал на античка драма „Стоби 2026“ во сабота вечер во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Годо“ копродукција помеѓу велешкиот, штипскиот и кумановскиот театар во продукција на Едуинфо медија Штип, работена по мотиви на „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет во режија на Ѓорѓи Ризески.
Во претставата играат актерите: Ефтим Трајчов Ѓаурски, Марко Трајковиќ, Жарко Спасовски, Марија Бреслиска и Јоана Панзова. Идејата и адаптацијата е на Ефтим Трајчов Ѓаурски и Ѓорѓи Ризески, композитор и изведувач на музиката во живо е Сашко Костов, сценограф Филип Коруновски, костимограф Моника Гачева, кореограф Сања Русесака, а дизајнер на плакатот е Алексанар Арсов.
Инаку на ФАД „Стоби 2026“ синоќа на малата сцена на театарот во Велес премиерно беше изведена претставата „Претходно“ на театар С’ Азра од Сасари, Сардинија, Италија кои добија голем и силен аплауз од публиката за извонредната изведба.
септември 18, 2026
