Connect with us

Фудбал

Баер негира преговори со Бензема

Спортскиот директор на Баер Леверкузен, Симон Ролфес, ги отфрли шпекулациите на алжирскиот новинар Илиес Кадури дека клубот е во преговори за потпишување на францускиот напаѓач Карим Бензема.

– Нашиот состав е комплетен, го цитираше Ролфес „Билд“.

Според Кадури, 38-годишниот Бензема е заинтересиран за трансфер во Баер Леверкузен и дури разговарал за ова прашање со своите поранешни соиграчи Муса Диаби и Лукас Васкез, кои сега играат за германскиот клуб.

Следењето на официјалниот профил на Баер Леверкузен на социјалните мрежи од страна на Бензема, ги наведе навивачите да шпекулираат дека трансферот е навистина во тек.

Во август 2026 година, Бензема го напушти Ал-Хилал, иако има амбасадорски договор со саудиската лига до 2030 година. Овој договор го обврзува да учествува на настани од саудиската Про лига, што би можело да му пречи во можноста да игра за европски клуб. Застапниците на фудбалерот се обидуваат повторно да преговараат или да ги омекнат условите на овој договор за да го овозможат враќањето во Европа.

Бензема игра за Ал-Хилал од 2025 година. Во сезоната 2025/26, тој постигна девет гола и имаше пет асистенции во 13 натпревари.

„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на поранешниот француски репрезентативец на пет милиони евра.