Формула 1
Верстапен: Антонели е фантастичен, иако дебитант, лета по патеката
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, искажа пофални зборови за младиот колега од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
– Не треба премногу да се грижи, само да продолжи како до сега. Фантастичен е. Има резултати, самоуверен е, добива поголемо искуство. Сè уште е млад, ова е почеток на неговата кариера, но лета по патеката, сè функционира. Затоа не треба да ги комплицира работите. Има многу добри луѓе околу себе кои знаат што му треба. Сè функционира одлично“, рече четирикратниот шампион во Формула 1.
Антонели вчера победи на трката од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Шпанија, Верстапен завшри на втората позиција.
Во Генералниот пласман, Антонели е лидер со 292 бода, пред клупскиот колега Џорџ Расел кој собра 211, трет е Луис Хамилтон од Ферари со 191 бод.
септември 15, 2026
