Живот
Првпат градоначалничка во Јапонија ќе користи породилно отсуство
Градоначалничката на јапонскиот град Јавате, Шоко Кавата е прва жена, која извршува локална функција, а користи породилно отсуство.
Согласно јапонските закони, на вработените жени во градската управа им се загарантирани 16 недели породилно отсуство, но не постоеше протокол за градоначалничките.
– Се изненадив кога дознав дека сум прва градоначалничка. која користи породилно отсуство. Тоа покажува дека досега немало многу млади жени, па ни жени воопшто, кои управувале со градовите, изјави 33-годишната Шоко.
Во Јапонија е присутна родова дискриминација во политиката. Според најновиот Извештај за глобална родова дискриминација на Светскиот економски форум, Јапонија е на 118. место од 148 држави. Според индексот за политичко зајакнување на жените, земјата е рангирана на 125. место.
Јапонија има најниска стапка на наталитет во светот и се соочува со стареење на населението. Според Шоко, која треба да се породи во септември, потребни се реформи со кои ќе се зголеми наталитетот, без оглед на професијата.
јули 21, 2026


